По 26 годишен брак кој не завршил славно, познатиот актер Мел Гибсон повторно ја пронашол љубовта на 58-годишна возраст. Тој ја запознал својата девојка Розалин Рос во 2014 година и оттогаш нивната врска се одвива одлично.
И покрај нивната среќа, многумина сè уште се сомневаат во нивната врска поради големата разлика во годините. Сепак, двајцата докажале дека љубовта не познава години.
Во 2014 година, „судбината вмешала прсти“, кога Рос била на службено патување на ранчот на Гибсон во Костарика и тогаш започнало нивното романтично патување. По престојот во Костарика, авантуристичкиот пар, Рос, која тогаш имала 28 години и Мел (58), заминале на романтична ескапада во Панама. Од тој момент, биле неразделни. Рос, исто така, го придружувала Гибсон на патувањето во Сиднеј, па дури и го посетила на снимањето на „Hacksaw Ridge“.
И покрај тоа што веќе има 8 деца – 7 со поранешната сопруга Робин и 1 со поранешната девојка Оксана Григориева, Мел Гибсон дополнително го проширил своето семејство така што заедно со Рос го добиле својот син. Иако парот сè уште не стапил во брак, нивната врска и понатаму е силна и нераскинлива.
Со отприлика 34 години разлика меѓу нив, односот на Мел и Рос предизвикал огромен интерес во јавноста. Гибсон, сепак, отсекогаш јавно ја бранел нивната љубов, наведувајќи дека годините се само бројка.
Врската на Мел Гибсон и Розалин Рос не е единствената со голема разлика во возраста. Всушност, постои уште еден холивудски пар кој докажал дека разликата од 46 години само ја прави нивната љубов посилна.
Од хармоничен брак до низа скандали
Паралелно со богатата кариера, тој водел и интересен приватен живот, кој до пред неколку години бил исклучително мирен. Првата сопруга, Робин Денис Мур, ја запознал во доцните 70-ти, кога тој сè уште бил релативно непознат актер. Во јуни 1980 година во Австралија застанале пред олтарот и заедно добиле 1 ќерка и 6 синови. По 29 години брак, Мел и Робин се развеле во 2009 година.
Неколку години подоцна, Гибсон во едно интервју истакнал како започнале проблемите во нивниот брак, на денот кога бил уапсен поради возење во пијана состојба во Малибу. Робин поднела барање за развод во 2009 година, а 2 години подоцна нивниот развод бил финализиран. Со оглед на тоа што парот не потпишал предбрачен договор пред бракот, Робин добила половина од сè што заедно заработиле.
По разводот, Гибсон започнал врска со руската пијанистка Ооксана Григориева. Парот во 2009 година ја добил ќерката Лусија, а 1 година подоцна се разделиле. Григориева го пријавила славниот актер во полиција поради наводни малтретирање, па тој не смеел да ѝ пријде – ниту нејзе, ниту пак на нивната ќерка. Според полицискиот извештај, пијанистката го обвинила актерот за семејно насилство. Поради обвинувањата, Гибсон бил одбиен од неколку продукциски куќи, па со години се бранел дека ништо од горенаведеното не било вистина.
„Никогаш не сум бил насилен кон никого. Јасно ми е дека многу луѓе мислат така и јас го почитувам тоа, но сè што ќе прочитате во медиумите е чисто ѓубре. Сите факти мора да се стават во контекст, а сè што сакав беше излез од токсична врска“, раскажал Гибсон во интервју – години по обвинувањата. По долги години борби на суд, Гибсон добил потврда дека може да се гледа со својата ќерка, а на Оксана морал да ѝ плати 750.000 долари.
.