Мел Гибсон важеше за еден од најголемите заводници во Холивуд, а имиџот на добар фраер му донел само скандали и афери. Богатата и успешна кариера паднала во втор план, со оглед на тоа што неговиот приватен живот станал далеку поинтересен.
Најстариот брат во семејството Гибсон, Мел, станал славен актер, а во тој свет се испробал и неговиот најмлад брат Донал. Двајцата браќа биле многу блиски, дури и глумеле заедно во еден од најголемите оскаровски хитови, филмот „Храбро срце“, кој го запиша Мел во филмската енциклопедија. Немале проблеми, браќата се сакале и меѓусебно се поддржувале, а потоа следниот филм ги скарал и ги довел од љубов до омраза.
„Тој беше мојот постар брат, мојот најдобар пријател. Немаше љубомора, бев среќен што се прослави. Меѓутоа, тоа го смени, почна да верува во тоа што се зборува и пишува за него. Оној Мел што го познавав, едноставно исчезна“, рекол Донал и додал:
„Холивуд го изеде, го изџвака и го плукна. Славата и парите му го испраа мозокот и стана чудовиште. Го мразам поради тоа во коешто се претвори.“
Ова не е првиот скандал во кој се вплеткал Гибсон, а проблемите со алкохолот предизвикале проблеми во семејството.
Со првата сопруга Робин Денис Мур добил една ќерка и 6 синови, а тогаш многумина верувале дека не постои посреќно семејство од нивното. Но по 26 години брак, тие се развеле.
Кратко по разводот започнал врска со Русинката Оксана Григориева, со која добил ќерка. Нивната идила траела само една година. Поранешната девојка на Гибсон го обвинила за семејно насилство.
Од 2014 година славниот актер е во врска со Росалинд Рос, која пред неколку години го родила нивното прво и деветтото дете на Гибсон. Се запознале кога таа почнала да работи за неговата продукциска куќа Icon и набрзо се вљубиле. Двојката е под лупата на јавноста, со оглед на тоа што Росалинд има 32 години, а Мел Гибсон има 67.