Дваесетгодишната Швеѓанка со потекло од Србија, Наташа Краун која за себе вели дека е плус сајз модел, во емисијата “Botched” побара помош од двајца најпознати пластични хирурзи на светот.
Наташа која се пофали дека задникот ѝ е поголем од Ким Кардашјан и дека и тежи 30 килограми, побара од хирурзите да и ги спуштат малку пониско брадавиците на градите за да може да носи подлабоко деколте.
Доктор Дабров и објаснил дека нема да биде во можност да и ги оперира градите бидејќи нејзиното барање е потполно ирационално.
Но, Наташа изјавила дека не и паѓа на памет да заврши со операциите, особено не на нејзиниот задник.
“ Подобро да живеам до 50 години интересен живот, отколку до доживеам 80 години во досада“.