Премиерот Зоран Заев се простија се заменик градоначалникот на Градот Скопје, Енвер Малиќи кој утринава почина како последица од Ковид 19.
„Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“. Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Заев испрати и сочувство до неговото семејство во име на Владата.