Српсиот рапер Далибор Андонов попознат под името Гру денеска загина во близина на Наутичкиот клуб “Земун“.
За време на инцидентот Гру со кајтингот паднал во вода. Тој бил изваден од вода од страна на неговите пријатели кои веднаш повикале Брза помош но докторите констатирале смрт.
Во моментот на настанот имало големо невреме во регионот проследен со силен ветер и дожд.
Инцидентот се случил во денеска во 15.20 минути.
Безживотното тело на раперот стоеше во чамец додека се чекаше да биде направена обдукција за да се дознаат точните причини за несреќата.
Гру зад себе остави жена и две малолетни деца.