Полскиот градоначалник Радослав Гжегорж загина откако падна од прозорец на четвртиот кат на хотел во Сардинија, Италија, јави денеска АНСА.
Како што пренесува италијанската агенција, 44-годишниот градоначалник престојувал со својата делегација на Сардинија во низа официјални посети.
Несреќата се случила ноќеска околу два часот, во хотелот „Ду Колоне“ во историскиот центар на градот.
Според полицискиот извештај, градоначалникот бил во собата со колега и изгубил рамнотежа додека седел на прозорецот и паднал од височина поголема од десет метри.
Полициските службеници ја отфрлија можноста за напад, велејќи дека падот е резултат на несреќа. Идентитетот на жртвата не е соопштен.