Пејачката на групата „Супер Холивуд оркестра“, Џоана Саинз (30) загинала на сцената откако била погодена од ракета од огнометот додека пеела. Групата „Супер Холивуд“, во која има 15 члена,, настапувала во Лас Берланас, Авила.
Додека групата го изведувала својот перформанс на сцена, Џоана била погоден од огнометот во стомакот. Настапот бил веднаш прекинат, а членовите на групата се обиделе да и помогнат и да и пружат прва помош на Џоана. Таа со сериозни повреди веднаш била пренесена во болницата, каде подоцна починала.
Инаку, на концертот имало илјадници луѓе околу сцената. Службата за итна помош потврдила дека несреќата се случила во 01.49 часот, а амбулантно возило пристигнало 25 минути подоцна.