Жена на возраст од околу 70 години загинала откако автобус од приградскиот сообраќај ја влечел неколку десетици метри.
Инцидентот се случил во Србија, во Бор, а жената излегувала од автобусот, но подвижините врати ѝ ја фатиле јакната, па возачот не забележувајќи продолжил да вози.
Жената со тешки повреди префрлена е во болница, каде починала.
Возачот на автобусот е приведен и одреден му е 48-часовен притвор.