Единаесетгодишно дете во Виетнам починало откако му експлодирал мобилниот телефон и се запалил додека следел онлајн настава, објави The Sun.
Поради епидемиолошките мерки, детето следело настава од дома. Носел слушалки кога телефонот, кој бил приклучен на полнач, експлодирал, а од експлозијата му се запалила облеката.
Соседите се обиделе да му помогнат на момчето, но во несреќата тоа се здобило со тешки изгореници и починало истата вечер.
Засега не е познато каков мобилен и каков полнач бил користен. Полицијата ја истражува оваа бизарна смрт на 11-годишното момче.
Ова е втор сличен инцидент со смртни последици од мобилен телефон во рок од неколку дена. Претходно во индија почина 18-годишен ученик откако се запалил неговиот кревет кога телефонот бил приклучен на полчнач. Тинејџерот починал поради тешки изгореници на телото, објави вчера The Times of India.