Неполн месец пред да загине во Португалија при пад од карпа, во Белград била поднесена приватна кривична пријава против Оливер Антиќ српскиот амбасадор во Португалија, со тврдење дека Антиќ сексуално ја злоупотребил неговата 9-годишна ќерка.
Мајката на девојчето поднела приватна кривична пријава на 27 јануари. Првата страница од тој документ, со целото име и презиме на девојката, беше објавена и споделена синоќа на социјалните мрежи.
Во приватна кривична пријава поднесена од мајката на девојчето против Антиќ, чии детали не се целосно објавени, Антиќ се гони дека од летото 2020 година до 12-ти август сексуално ја злоупотребил својата ќерка во нивната куќа во Белград.
Наводно, Антиќ и го покажал половиот орган и и предложил да го допира и бакне. Мајката на девојчето во пријавата тврди дека Антиќ ја соблекол маицата на девојчето и ја допирал по градите, дека влегол во туш кабината каде таа во моментот се туширала и дека ја турнал во агол.
Српски „Блиц“ неофицијално дознава дека Првото основно јавно обвинителство веднаш почнало да ги проверува наводите од приватната кривична пријава. Но, поради смртта на Антиќ пријавата ќе биде отфрлена, а случајот официјално ќе остане нерешен.
Семејството ги отфрли обвинувањата
Семејството на амбасадорот ги отфрли сите вакви тврдења, обвинувајќи ја мајката на девојчето дека е „голем лажго“.
“Денеска сме соочени со најгнасната форма на обид за изнуда, која трае подолго време, од личност која според познавачите е патолошки лажго и манипулатор од најлош вид. Имено, точно е дека Оливер Антиќ имал вонбрачна ќерка и тоа никогаш не било тајна во семејството Антиќ. Вонбрачната ќерка која финансиски ја обезбедивме, купувајќи и стан во Белград, каде според нашите сознанија живее со својата мајка, стои во обраќањето на семејството.
Инаку, Оливер Антиќ загина пред четири дена кога падна во морето од карпата наречена „уста на пеколот“, која е позната туристичка атракција во близина на Лисабон. Португалските медиуми тврдат дека се работи за самоубиство, а семејството на Антиќ дека се работи за несреќен случај.