Адвокатката Калина Корнажева Бошнакова, која вчера загина со своето семејство во авионската несреќа на Солунска глава, е од познато адвокатско семејство во Бугарија, пишува бугарски Блиц.
Тие ја истражуваат нејзината родова карта и дошле до сознание дека нејзиното семејство потекнува од Габрово и е во роднинска врска со поранешната бразилска претседателка, Дилма Русеф, која, како што е познато, има бугарски корени.
Таткото на Калина Крнажева е познат бугарски адвокат, поранешен министер за правда и пратеник, Петар Корнажев.
Калина Корнажева имаше 47 години и загина заедно со своите две ќерки Гергана (14) и Билјана(18) години.
При падот на авионот загина и нивниот татко Георги Бошнаков, кој според последните информации, пилотирал со малиот авион марка ,,Цесна“. Тој бил поранешен шеф на одделот за „Имплементација и одржување на информатики и технологии“ во рамки на бугарсата Агенција за регистрација, информираат бугарските медиуми. Потоа започнал приватен бизнис и во моментот имал компанија за рециклирање на отпадоци.