Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 4 часот во Гетеборг, загинале четири лица, чија старост е околу 20 години, а како што е потврдено меѓу настраданите биле и двете сестри Елма(19) и Ирма Усто(20) кои ги сметаа за најубави сестри на Балканот.
Тие се ќерки на Џенана и Мидхат Усто Мирза, кој во војната бил познат како припадник на Специјалните сили на МУП на БиХ. После војната се отселил во Шведска, каде живее и работи.
Сестрите во април требале да одат во Сараево со татко им на денот на полицијата и веќе биле резервирани картите – изјавил извор близок на семејството и додал дека родителите се уште се во болница откако им е соопштена веста за трагичната смрт на ќерките.
Полицијата добила известување дека околу 4.07 часот автобомил удрил директно во бетонски ѕид на делот на автопатот Е20 Олскроксмотет, кој минува низ средината на Гетеборг. Причината за несреќата најверојатно е лизгавост на патот и неприлагодена брзина.