ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ ОСУМ ЛИЦА: 18-годишен студент го извршил нападот на Универзитетот во Русија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Вооружен напаѓач од снимките кој упаднал во кампусот на Универзитетот Перм во истоимениот град во Русија, бил студент на Универзитетот, пренесува ТАС.

Според наводите на полицијата, напаѓачот од кампусот наводно е 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците.

Студентите од кампусот прво го снимија напаѓачот со пушка како се приближува до зградата, а подоцна на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како преплашени студенти скокаат од прозорците.

Според најновите информации од Russia Today, во нападот има најмалку 8 загинати, а најмалку 6 повредени.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com