ЗАГИНАА МАЈКА И ДЕТЕ, КАКО И 15-МЕСЕЧНО БЕБЕ: Се урна покрив во Ломбардија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Три лица загинаа, а најмалку едно е повредено при колапс на покривот на некогашниот индустриски објект во Албизате, Ломбардија, пренесуваат локалните медиуми.

Триесет и осумгодишна мајка починала на лице место како и нејзиниот петогодишен син, а на повредите им подлегнало и 15-месечно бебе кое со хеликоптер било пренесено во болницата со тешки повреди.

Во несреќата што се случила вчера околу 17 часот, повредена е 42-годишна жена, која е во болница, но не е во животна опасност.

Агенцијата Анса наведува дека некогашниот индустриски објект, чиј покрив се урнал, се наоѓа во центарот на градот во кој живеат 5.000 жители.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com