Познатата холивудска двојка Џорџ и Амал Клуни наскоро би можеле да стават крај на нивната четиригодишна љубов.
Како што пишува познатиот американски портал „Радар Онлајн“, Амал отпатувала за Сардинија по жестоката расправии со нејзиниот сопруг, а нивните близначки, Александар и Елу, ги зела со себе. Ова многу го налутило Џорџ, па постојано ѝ праќал СМС пораки, барајќи да му дозволи да си ги види децата.
Инаку, Џорџ и Амал се запознале во 2013 година кога нивен заеднички пријател ја довел Амал во домот на актерот близу езерото Комо во Италија. За Клуни ова е втор брак – од 1989 до 1993 година беше во брак со актерката Талија Балсам. Амал долги години работи како амбасадор на ОН за бројни хуманитарни проекти.
Ако дојде до развод, се претпоставува дека тој би бил “тежок“ 450 милиони евра.