Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов веќе не е во љубовна врска со српската блогерка и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ.
Според информациите на српските медиуми Зорана на своите пријатели им соопштила дека повеќе не е во врска со Николов со кого беше заедно повеќе од една година и дека таа ја раскинала врската. Исто така Зорана потврдила дека нема сериозен контакт со нашиот фудбалер од поодамна, но дека се уште добива пораки, меѓутоа како што кажува нема намера повторно да му се врати.
Инаку, Бобан Николов никогаш јавно не потврди дека е во љубов со познатата блогерка, медиумите пишуваа дека тие се во љубов повеќе од една година. Откако тој почна да игра во Унгарија, Зорана често одеше во Будимпешта, па иако никогаш не објавија заедничка слика, споделуваа слични фотографии направени на исти места.