По речиси две години забавување, некогашниот кошаркар на НБА и сегашен претседател на КФМ Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска најверојатно ставија крај на својата љубов – објави Женски магазин.
Шпекулациите за крах на врската започнаа неодамна откако парот престана да се појавува заедно во јавноста.Перо постојано е сам на речиси сите јавни манифестации или во друштво на своите синови, а не се следат ниту на социјалните мрежи, што е уште еден доказ дека работите меѓу нив не се на завидно ниво.
Имено, ако влезете на профилот на Перо на Инстаграм, ќе забележите дека тој не ја „следи“ повеќе Катарина, а истото ќе го видите ако влезете и на нејзиниот профил. Ниту Ивановска не го „следи“ Антиќ на Инстаграм.
Засега ниту едниот, ниту другиот не ја потврдил оваа информација.
Инаку, Катарина и Перо официјално се заедно од март 2021 година. Тие на почетокот ја криеа својата врска, но подоцна постојано објавуваа фотографии на кои се заедно а со кои сакаа да покажат на јавноста колку се сакаат, што не е случај во последните неколку месеци.
Перо има три деца од бракот со Ружица, а Катарина две деца од врската со Цобе.