По неколку месеци врска Елена Ристеска повторно е сама. Таа стави крај на романсата со скопскиот угостител Филип Арсовски.
Парот пред да ја започне својата врска беа добри пријатели, а дека Ристеска имала сериозни намери со него потврда е и фактот што тоа беше првото момче по разводот кој го претстави во јавноста. Имено, пред повеќе од еден месец Елена се појави со Филип на една модна ревија во Скопје.
Инаку, пејачката во последниов период повеќе е ангажирана околу козметичката линија која што наскоро ќе ја пласира на пазарот.