Дејвид Гета и Џесика Ледон не се повеќе заедно. По седум години врска, 54-годишниот диџеј и 30-годишната актерка се разделија. Причината за нивната разделба е големата оддалеченост. Дејвид во моментов живее на Ибица каде постојано има настапи, а Џесика останала во САД, каде е посветена на својата актерска кариера.Според извори на The Sun, Гета цело лето престојувал на Ибица, додека Ледон живее во САД.
Дејвид и Џесика започнаа да се состануваат во 2015 година, една година по неговиот развод од бившата сопруга Кејти. Тие беа во брак 22 години.
Инаку, гласините за разделбата на Дејвид Гета и Џесика почнаа да се шират уште во август кога таа објави повеќе фотографии со пријателите до кои напиша:
„Влегувам во нова ера од животот, без да жалам и полна сум со самодоверба“.
Тие двајца за последен пат беа фотографирани заедно во април годинава.