Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора заврши и ковчегот е изнесен од Вестминстерската опатија.
Поворката во моментов се движи до Велингтон Арх во Хајд Парк од каде кралицата ќе замине на своето последно патување до замокот Виндзор каде ќе биде погребана. Се слуша и камбаната на Биг Бен.
Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор во кругот на најтесното семејство.
На богослужбата последен од кралицата се прости британскиот кралски гајдаџија, а претходно беше интонирана британската химна „Боже чувај го кралот“.
На богослужбата во Вестминстерската опатија, се пееја химни како „Господ е мојот пастир“, која се изведувала и на нејзината свадба и „Денот што ни го даде, Боже, заврши“.
Се читаа и верски псалми, а еден од нив прочита и премиерката Лиз Трас. Целата богослужба ја предводеше старешината на Вестминстерската опатија и архиепископот од Кентербери.
Потоа беше одржан и двоминутен молк.
Вестминстерската опатија, каде што е државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, е местото каде што таа беше крунисана во 1953 година и се омажи шест години претходно.