Фудбалерот и македонски репрезентативец Ѓоко Зајков по 48 часа пат од градот Полтава на исток од Украина вечерва ја напушти земјата зафатена со војна преку Унгарија. Зајков потпиша да игра во клубот од Полтава. Зајков со неговата сопруга и малиот син патуваа од едниот крај на Украина на другиот со автомобил до граничниот премин Захони во Унгарија.
Патувањето било напорно патешествие со голема загриженост со оглед на руската инвазија. Сепак, долгиот пат поминал без поголеми проблеми. Тие патувале заедно со уште еден автомобил во кој имало хрватски фудбалери.
Во Унгарија биле пречекани од родителите на еден од хрватските фудбалери и сега се на безбедно и се подготвуваат да се вратат во Македонија. Зајков бил цело време во контакт со македонскиот амбасадор во Унгарија и владата.