Поради напорното темпо на настапи, пејачката Каја Остоиќ си го загрози здравјето. Таа се онесвестила во еден ресторан во Белград додека била на ручек со пријателката и веднаш со Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар.
-Само што нарачаа Каја пребледе и се пожали дека нешто не е во ред со нејзините раце кои и “трнеле“. Потоа се онесвести, а пријателката едвај успеа да ја задржи да не падне на подот и да си ја удри главата. Веднаш стигна Брзата помош и иако Каја не сакаше да оди таа веднаш беше пренесена во болница – вели извор и додава:
-По направените анализи е утврдено дека нејзиниот организам е во лоша состојба, а крвната слика никогаш не и била полоша. И порачаа да ја промени исхраната, да зема витамини и повеќе да се одмара.