Манди Нолан (52), мајка на пет деца, одлучи да престане да работи дома и да се однесува како маж во иднина.
Овој потег беше поттикнат од самоизолацијата поради пандемијата на коронавирусот, за време на која сфати дека домашните работи ѝ одземаат многу од нејзиното време. Сфати дека повеќе не сака да живее под стрес заради акумулираната работа дома.
-Домашната работа нè убива. Таа ни одзема драгоценото време секој ден. Постои мислење дека жените треба да поминуваат многу часови во чистење на куќата, па решив да бидам како маж, поточно да размислувам како нив. Почнувам да верувам дека некој друг ќе стори сé за мене. Денес не пуштив ни вода во тоалетот. Да се биде маж е навистина одлично – објаснува Манди на Фејсбук и додава:
-Отсекогаш сум имала строг режим на чистење, миење, бришење прашина. И многу викав. Не сакам да се најдам на мојата смртна постела размислувајќи за тоа како можев да исчистам нешто друго. Отсекогаш се прашував зошто толку многу се грижев кога доаѓаа гости, сè мора да биде чисто цакум-пакум за да не мислат дека сме неуредна фамилија и јас сум неуспешна жена.
Нејзиниот пост ги воодушеви корисниците на Фејсбук, а жените масовно ја поддржуваа.
-Ова е права вистина. Чиста куќа и ум се неопходни за подобри резултати, но не можам да ги имам и двете. Сето ова е точно. И јас се откажав пред неколку години, се само некои од коментарите.