Опсесијата со естетски операциине стивнува. Некои славни дами одат до тој степен што нивните лица стануваат непрепознатливи, а неретко и изобличени. Една од оние што според мислењето на многумина си го уништила лицето е британската актерка Даниела Вестбрук.
Се чини дека Даниела со естетските операции се обидува да ги скрие трагите што ѝ ги оставило консумирањето дрога. Имено, првпат пробала дрога кога имала само 14 години, а откако на 16 години добила улога во популарната ТВ-серија East Enders, почнала редовно да оди во клубови и да се опијанува.
Консумирала кокаин поради што останала без носниот септум, кој комплетно се распаднал од шмркањето кокаин.
„Земав дрога и додека бев бремена. Се породив на подот од бањата, а кога започнаа контракциите, шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала таа во едно интервју.
И покрај тоа што била на одвикнување, не можела да се откаже, па постојано му се враќала на својот порок. Со текот на времето нејзината состојба станувала сè полоша, а и самата признала дека дрогирањето ѝ оставило големи последици.
„Ми се распаѓаат коските на лицето и непцата поради дрогата, но и поради лошо изведените пластични операции“, рекла таа во една пригода.
Последните фотографии што испливале во јавност се доказ за тоа дека лицето на Даниела е комплетно деформирано, додека ставата ја довела до совршенство. Многумина коментираат дека изгледа многу постаро, а има 49 години.