Атрактивната инфлуенсерка и модел, Шантел Џефрис, не престанува да го привлекува вниманието со своето прекрасно тело. Овојпат се појавиле нејзини фотографии од плажа кои многумина ќе воодушеват.
Минијатурното, бордо бикини совршено ја истакнува нејзината фигура и прекрасен тен, а исто така таа на плажата шетала со многу самодоверба. Познато е дека Шантел често се фотографира во разголено издание, па не е ниту чудно поради што гордо чекори по плажата.
Без оглед на тоа што на неа сè изгледа природно, таа во 2017 година сепак признала дека ставила силикони во градите. Оваа одлука ја донела поради тоа што нејзината телесна тежина често варира, па сакала градите секогаш да ѝ бидат исти, без оглед на тоа. Се случувало таа да има телесна тежина од 58 килограми, но и нагло да ослабне до 45 килограми, а тоа во голема мера влијаело на големината на нејзините гради.
„Тоа е прилично голема разлика. Кога ќе преминете од Д на Б корпа и ќе го изгубите тој волумен и тежина, тоа негативно влијае на вашите гради. Можете да добиете и стрии и сето тоа не изгледа баш најдобро“, образложила таа.
Интересно е тоа што Шантел се гледа само со исклучиво богати мажи кои се влијателни и познати. Во една прилика признала дека мажите кои немаат одреден статус или положба во општеството не ја интересираат.
Старлетата уште пред влегувањето во светот на возрасните задоволувала влијателни мажи меѓу кои и Џастин Комбис, синот на Паф Деди, раперот Лил Твист.
Сепак, најзабележителна била нејзината врска со Џастин Бибер, а ја одбележал голем скандал. Имено, во моментот кога пејачот бил уапсен затоа што возел во алкохолизирана состојба, таа била со него, додека пак нејзината реакција во тој момент ја шокирала јавноста. Наместо да се загрижи и да размисли за постапката, таа се смеела.