Лени Кравиц објави сензуален спот за песната Honey, во кој ги покажа стомачните мускули, доведувајќи ги обожавателките во транс.
60-годишниот пејач е познат по својата сексипилност, а најдобар доказ за тоа се коментарите на обожавателките под објавата на Инстаграм со која го најавуваат спотот.
„Забременив“, се пошегувала една обожавателка, а многумина се сложиле со неа. „И јас“ и „Сите забременивме“, напишале тие.
„Лени изгледа неверојатно на 60 години“, „Ова е жешко“, „Со годините стануваш попривлечен“, „Ти си најсовршениот маж на планетата“, „Ти ме запали“, „Мислам дека не можам да работам денес“, „Што правиме?“, „Ме разбуди“ и „Како да го гледам мојот сопруг сега?“ се дел од коментарите.
Во видеото кое за три дена собра повеќе од 334 илјади прегледи, музичарот, меѓу другото, лежи во кревет и го соблекува појасот и сензуално танцува.