ЗАБРАНЕТИ ПОГРЕБИ, СВАДБИ, ИСПОРАКА НА ХРАНА: Започна најстрогиот полициски час во Австралија

by Тони Зографски

Денес започна еден од најстрогиот полициски час во Австралија, владата ги забрани сите собири на отворено, вклучително и свадби, погреби, испораки на храна. Надлежните велат дека целта е навремено да се запре почетокот на ширењето на коронавирусот во државата Јужна Австралија.

Фотографиите на социјалните мрежи ги покажуваат празните улици на Аделаида, главниот град на Јужна Австралија.

Жителите побрзаа во продавниците ден претходно за да набават намирници, објави „Ројтерс“.

Земјата со 1,8 милиони жители забележа 23 нови случаи откако неодамна се појави ново жариште.

Нема пријавено нови случаи во четвртокот, но 3.200 лица се во карантин, бидејќи биле во контакт со заразени, изјави Никола Спуриер, шеф на австралиската здравствена служба.

Властите воведоа шестдневен карантин, додека државниот премиер објасни дека засилените мерки се должат на патникот кој се вратил од Велика Британија.

“Моравме да ја воведеме оваа екстремна мерка, воедно важна интервенција, за да го прекинеме почетокот на ширењето на короанвирусот”, рекол премиерот Стивен Маршал.

Тој додал дека Австралија ја зафатил многу непријатен вид на коронавирусот. “Тој вид воопшто не покажува симптоми кај заразените”, додал тој.

Здравствените експерти, меѓутоа, велат дека не е јасно дали во Јужна Австралија навистина влегол нов вид на вирусот, бидејќи генетски податоци не се достапни.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com