Јужнокорејската авиокомпанија “Коријан ер“ објави дека во нивните авиони нема повеќе да се послужуваат кикиритки, поради неодамнешниот инцидент кога двајца браќа- тинејџери неможеле да се качат во авионот поради алергија на кикиритки.
Имено, браќата патувале од американскиот град Атланта кон Филипини, но биле оставени во Сеул бидејќи компанијата не се согласила околу нив да не се послужуваат кикиритки поради алергијата на постариот брат.
Во официјалното соопштение на компанијата се наведува дека за неколку недели ќе се исфлат кикиритките од списокот на артикли кои се служат во нивните авиони за време на летовите.