Принцот Хари и Меган Маркл првпат се појавиле во јавноста откако се вратија во САД по погребот на кралицата Елизабета Втора.
Двојката уживала во концертот на пејачот Џек Џонсон во Калифорнија.
Концертот се одржа недалеку од нивниот дом, во Санта Барбара. На фотографијата што на Инстаграм ја објави тапанарот на бендот, Адам Топол, парот изгледаше исклучително среќно позирајќи со членовите на бендот.
Војводата и војвотката од Сасекс стоеле во специјално ограден простор со уште десет луѓе со кои биле видени како разговараат, пишува TMZ.
Хари и Меган танцувале и си разменувле нежности, а принцот во еден момент ја прегрнал сопругата околу половината.
Ова е прв пат парот да биде фотографиран по враќањето во Америка од Велика Британија. Пред тоа, тие беа во Европа за да присуствуваат на серија хуманитарни настани, а сите беа прекинати со ненадејната смрт на кралицата Елизабета на 8 септември.
Двојката остана во Велика Британија за да присуствува на богослужбите во чест на кралицата, а потоа се врати дома, која сега е во Америка.