За време на посетата на Јосип Броз – Тито на Шведска во 1976 година, направена е една од најнеобичните снимки на легендарниот маршал. При пристигнувањето на лимузината која го превезувала Тито на средба со тогашниот шведски премиер Улоф Палме, неговиот аѓутант, генералот Марко Рапо, затворајќи ја вратата му ја приклештил раката на југословенскиот претседател, по што тој почнал да лелека од болка. Инцидентот го забележале телевизиските камери.