Тијана Дапчевиќ била долгогодишна пријателка на новинарката Драгана Трипиќ која вчера со бесење си го одзеде животот. Таа за српските медиуми вели дека веста за смртта на пријателката ја шокирала.
-Ние двете последен пат се видовме пред два месеци. Драганa секогаш беше полна со животот, секогаш беше расположена и се шегуваше и ништо не навестуваше дека има проблеми. Забетонирана сум. Како некој да ме удри со чекан. Не можам да прифатам – изјавила Тијана.
Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ вели дека веста за смртта на пријателката ја шокирала.
– Искрено целосно се шокирав. Беше секогаш насмеана, радосна и весела, подготвена за шега. Беше жена полна живот. Последната година не се слушавме толку често, но навистина не знаев дека имала некој проблем. Жал ми е што ако имала проблеми не ги споделила со некого”, вели Дијана.
Последната објава на Твитер на новинарката се однесувала на борбата на корисниците на кредити во Швајцарија со банките.