По доделувањето на Оскарите, холивудските ѕвезди традиционално ја окупираат забавата на магазинот Vanity Fair.
И додека дамите редовно се шетаат на црвениот тепих во Dolby театарот во сигурни изданија, на забавата на Vanity Fair, како и обично, си дозволуваат „пропусти“ во однос на модниот избор.
Годинава Маргот Роби пристигна на забавата во златен корсет од Тјери Муглер, додека прекрасната Емили Ратајковски малку остави на фантазијата во фустан од француски Жакем.