Иако компаниите, училиштата и јавните згради се затвораат ширум светот, организаторите на американските оргии продолжуваат со своите настани и покрај ризикот од коронавирус. Промотерите, како што се наведува, на врвните секс забави “Snctm” овој викенд планираат оргија во Лос Анџелес, а следниот месец на Менхетен.
“Настаните се одвиваат според планот”, рекол еден од организаторите пред да нагласи дека на местото ќе има дополнителни сапуни и средства за дезинфекција, пишува “The Guardian”.
Во Лос Анџелес во моментов има 94 потврдени случаи на коронавирус, иако повеќе луѓе можат да бидат заразени без да покажат симптоми.
„Коронавирусот сам по себе не е сексуално пренослива болест. Бидејќи има многу близок контакт помеѓу две лица за време на сексот, веројатноста некој да зарази со вирус од друго заразено лице е скоро 100 проценти, особено заради бакнување. Коронавирусот се пренесува со респираторни капки, така што бакнувањето е ризично. Проблемот е во тоа што многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус. Може да трае пет до шест дена пред да започнат симптомите “, вели д-р. Мухамед Мунир од Катедрата за биомедицински и животни науки на универзитетот Ланкастер и експерт за вирусни заболувања.
“Ако владата ги затвора училиштата, истиот принцип треба да се применува и на сексуалните забави”, заклучува д-р Мунир.