Роднините и пријателите на манеканката Катарина Ивановска вчеравечер, во кафеанта „Шпајз“ го прославија раѓањето на нејзината ќерка Кира. Журката ја правеше партнерот на Катарина, Цобе а покрај другите неколку песни отпеа и нејзината другарка, поп-пејачката Тамара. Мекици се закажани за викендот.
Инаку, Кира е второ дете на Катарина и Цобе. Тие го имаат синот Вања, кој неодамна наполни 2 години.