Американската актерка Ешли Џад се прослави во холивудските хитови „Колекционер“ и „Двојна опасност“. Иако се чини дека нејзиниот живот е поплочен со успех и богатство, во позадина се крие тажна животна приказна.
Актерката во 2011 година ја објави биографиајта „All That Is Bitter and Sweet“ во која открила дека повеќе пати била жртва на сексуално насилство. Ја злоставувал повозрасен човек уште кога била дете, била силуана како тинејџерка, а била и жртва на сексуално насилство од страна на роднина.
Родителите на актерката се развеле кога имала само четири години, а веќе во седмата година западнала во депресија. Набрзо за првпат станала жртва на злоставување, а кога сето тоа го кажала на блиските, никој не и верувал.
Од малечка била изложена на сексуалните испади на нејзината мајка Наоми, како и нејзините физички пресметки со бројните партнери. Наоми имала пиштол, па Ешли со оружје играла уште од мали нозе, а дури пробала и руски рулер. До својата 18-та година, таа променила дури 13 училишта, па се чуствувала отфрлена и несакана.
Во средно училиште таа победила на манекенско натпреварување и освоила договор за работа во Јапонија. Се надевала дека тоа ќе и биде прилика ќе ја извлече од бедата и ќе и овозможи нов почеток. Меѓутоа, за време на патувањето била изложена на неморални понуди од менаџерот заслужен за организација, а еден манекен се обидел да ја присили на орален секс.
Ешли и покрај овие работи кои и се случиле во животот, продолжила понатаму. Нејзин приоритет било образованието. Дипломирала на Унивирезетот во Кентаки, па се преелила во Холивуд, каде остварила блескава кариера.