Најголемиот светски ланец на пицерии “Pizza Hut“ банкротираше. Повеќе од 300 ресторани од познатиот синџир ресторани ќе бидат трајно затворени по банкротот на дел од еден од најголемите брендови во оваа област.
Компанијата NPC International вчера постигна договор со сопствениците на Pizza Hut, фирмата Yum!, да затворат четвртина од своите ресторани и да ги продадат другите.
Деловниот неуспех на NPC се припишува на воведувањето вонредни мерки поради коронавирусот и долговите од речиси милијарда долари. Pizza Hut соопшти дека работата на 300 угостителски објекти е многу полоша отколку на останатите на овој добро познат бренд за брза храна и дека компанијата ќе им помогне на работниците кои ги загубиле работните места, да се префрлат во други ресторани на синџирот.
Инаку, NPC International има вкупно 1.227 локации каде што работат ресторани на Pizza Hut. Тие сочинуваа приближно 18 отсто од вкупно 6.700 ресторани на брендот во САД.