Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Хепатитис Б е честа и сериозна инфекција предизвикана од вирус кој го напаѓа црниот дроб, предизвикува инфламација која го оштетува црниот дроб. Може да предизвика цироза, канцер на црниот дроб и во некои случаи смрт. Инфицирана мајка може да ја пренесе инфекцијата на новороденчето.
Има два типа, акутен и хроничен.
Акутна инфекција се случува кога за прв пат ќе се инфицира човек со хепатитис Б. Многу лица кои се инфицирани се ослободуваат од вирусот и се опоравуваат.
Ако организмот не се ослободи од вирусот во тек на 6 месеци или подолго се развива хроничната форма која води до инфламација и сериозни, можно фатални компликации, цироза на црн дроб или канцер. Третманот ја успорува прогресијата на болеста, го намалува ризикот од канцер и ја зголемува шансата за преживување.
Некои инфицирани лица никогаш не се болни. Други имаат симптоми кои траат неколку недели. Симптомите може да се минорни или интензивни: болки во мускули и зглобови, болки во стомак, губиток на апетит, температура, треска, дијареа, губиток на енергија, констипација, жолтица (жолти белки на очите и жолтило на кожата), кафена урина. Повеќе од 90% возрасни кои ќе се инфицираат се опоравуваат од овие симптоми.
Инфекцијата настанува преку крв, сперма и други телесни течности од инфицирана особа: незаштитен секс, употреба на нечисти игли за дрога, татоо или пирсинг, заедничка употреба на предмети за секојдневна употреба кои содржат телесни течности (жилет, четка за заби, накит за пирсинг, грицкалица за нокти), медицински процедури со нестерилни инструменти, угриз од особа која е инфицирана.
Хепатитис Б не се пренесува со: кашлање или кивање, прегрнување, ракување или држање за раце, консумирање на храна припремена од инфицирано лице.
Лица со најголем ризик фактор: деца родени од инфицирани мајки, лица со незаштитетен секс, лица кои работат или живеат во институции, затвори, групни живеалита; здравствени работници, лица кои делат исти игли и шприцеви, пациенти на дијализа.
Носители на хепатитис Б се лица кои го имаат хепатитис Б вирусот во нивната крв иако не се чувствуваат болни,10% од лицата кои биле инфицирани ќе станат носители и ќе може да инфицираат други особи без да знаат.
Вирусот може да се детектира 30-60 дена од инфекцијата. Симптоми се јавуваат 90 дена по иницијалната експозиција на вирусот кај 70% возрасни со хепатит Б.
Акутната хепатитис Б инфекција најчесто нема потреба од медцински третман. Одмор, внес на течнсти, здрава исхрана, не за алкохол и пушење цигари за да му се помогне на телото да се избори со инфекцијата.
Антивирусни лекови се терапија за хронична хепатитис Б инфекција, го успоруваат размножувањето на вирусот и го намалуваат оштетувањето на црниот дроб.
Долготрајни компликации се: носителство на хепатититс Б, хронична инфекција, цироза, канцер на црн дроб, црнодробна слабост, смрт.
Нема комплетно излекување за хепатитис Б.
Превенција – хепатитис Б вакцина е најдобар начин за контрола на болеста. Новороденчињата треба да се вакцинираат. Употреба на игли за еднократна употреба, проверка на крвта од дарители, заштитен секс со кондом.
Comments are closed.