Пекарница во париско предградие на оригинален начин смисли како да ја покаже солидарноста кон движењето жолти елеци.
Почна да приготвува колачиња, кои ги симболизираат демонстрантите, што три седмици ја тресат Франција.
„Нашите колачи наидоа на симпатии кај речиси сите муштерии и интересот е навистина голем“, велат од пекарницата, лоцирана во предградието Пуаси.
Тажното лице на колачињата е поради целокупната ситуација во која се наоѓа оваа светска велесила, откако речиси цел месец демонстрантите дивеат поради поскапување на горивата.