Селото Слупчане во општина Липково од синоќа во тотален мрак поради неконтролирани кражби на струја, а жителите со блокада на патот кој води до селото ги попречуваа екипите на ЕВН да влезат во селото, објавија дел од медиумите.
ТВ 21 објави дека на патот кој води кон Слупчане жителите палат гуми и го блокираат пристапот до селото. Некои од медиумите јавуваат дека ЕВН ја исклучила стријата во селото, а според Макфакс, поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН. Од ЕВН изјавиле и дека со крадењето струја се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти.
Слупчане важи за населено место каде најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија, а според медиумите, фактури за струја добиваат само 20 отсто од домаќинствата.