Разводот на една од најубавите жени во светот, Жизел Бундшен, последниве неколку дена е главна тема на сите познати медиуми. Славната манекенка решила да стави точка на својот брак со американскиот фудбалер Том Брејди по жестоката караница, бидејќи спортистот одлучил да ја прекине пензијата и да продолжи да игра фудбал.
Сепак, сега во јавноста се открија нови детали дека Жизел му е лута и поради сексуалната апстиненција.
Имено, Брејди држел одреден вид диета за да биде што подобар на теренот, а таа диета подразбира и апстинирање од сексуални односи 72 часа пред самиот натпревар.
„Тој брак дефинитивно се распаѓа. Жизел јасно кажа дека сака повеќе акција од својот сопруг. Тој апстинира и тоа ја полудува! Продолжувањето на кариерата и слабата активност во спалната соба ги доведоа до оваа ситуација. Ѝ вети дека ќе се фокусира на семејството и бракот, но ја излажа. Сето тоа ја разочара Жизел“, пишуваат медиумите.
Се напоменува дека манекенката го напуштила Брејди уште во текот на летото и дека веќе подолго време живее сама со децата, како и дека двете страни имаат ангажирано адвокати, кои ќе се занимаваат со поделба на имотот и старателството над нивните деца. Во меѓувреме, Брејди добил непристојна понуда од американската порно-актерка Бренди Лав која се нуди да го утеши.
„Драг господине МекДрими (прекар на Том Брејди), навистина ми е жал поради твојот развод. Ова е веројатно најтешкото нешто низ коешто поминуваш, особено финансиски. Ако ти треба рамо за плачење или некој за да се опуштиш, можам да ти помогнам. Веќе долго време мислам на тоа“, порачала Бренди неодамна.