Бразилската убавица Жизел Бундшен во утринските часови била фотографирана на улиците во Мајами, додека со 14-годишниот син Бенџамин го извеле кучето на прошетка.
Жизел носела обична бела маица и тексас шорцови, релаксирано шетајќи со синот кој го има со поранешниот сопруг, легендата на американскиот фудбал, Том Брејди (47).
Познатиот супермодел изданието го комплетирала со балетанки, додека капата на главата ја штитела од сонцето, но и од погледот на љубопитните минувачи.
Долгоногата убавица уште еднаш ја покажала својата одлична фигура, а забележливо е дека на нејзиното лице нема ниту трошка шминка.
Вештите папараци го овековечиле моментот кога Жизел си играла со кучето, фрлајќи топка по која тој ќе потрча.
Оваа прошетка е откако нејзиниот син Бенџамин се вратил од краткиот одмор во Франција, каде присуствувал на неколку натпревари на Олимписките игри во Париз со неговиот татко Том Брејди.
Жизел и неодамна била фотографирана на улиците во Мајами во опуштено издание. Тогаш ги запрела погледите на минувачите по излегувањето од теретана.
Да потсетиме, Жизел Бундшен и Том Брејди се разведоа во 2022 година, по 13 години брак. Оваа одлука следела по нивните жестоки кавги. Главната причина за конфликтот, наводно, бил фактот што семејството не било приоритет за 45-годишниот спортист, што довело до одлуката Брејди да се врати од пензија и да продолжи да игра за НФЛ.
„Таа отсекогаш беше онаа која е посветена на децата. Тие се договорија тој да се повлече од спортот како би се фокусирал на семејството, а потоа се предомисли“, зборувале тогаш упатени извори.
Бразилската манекенка Жизел Бундшен инаку изјавила дека синот Бенџамин го родила во 2010 година во својата бања, а како што тогаш зборувала – породувањето не ја болело воопшто. Покрај Бенџамин, манекенката со Брејди ја има и ќерката Вивијан.