По гласините за развод, Жизел Бундхен е видена во јавност без нејзиниот венчален прстен.
42-годишната манекенка е фотографирана во Мајами со 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан, облечена во бел елек и сиви спортски панталони без видлив накит.
Да потсетиме, деновиве беше објавено дека Бундхен се разведува од сопругот Том Брејди по 13 години брак. Двојката наводно веќе ангажирала адвокати за да покренат бракоразводна постапка и повеќе да не живеат заедно.
Одлуката за разделба ја донеле откако се скарале поради тоа што Том решил да се врати во американскиот фудбал по пензионирањето, што ја вознемирило манекенката.
„Тоа е многу насилен спорт, а јас имам деца и би сакала тој да биде поприсутен. Цело време ги имав овие разговори со него. Но на крајот мислам дека секој треба да донесе одлука што му одговара. Тој треба да ја следи својата среќа“, рече за Бундхен за магазинот Elle.
Жизел претходно беше во врска со Леонардо ди Каприо, а потоа се омажи за Брејди. Тие беа споени од заеднички пријател во декември 2006 година, а се венчаа во Калифорнија во 2009 година. Два месеци подоцна, тие имаа уште една свадбена церемонија во Костарика.