24-годишниот Зоран Симиќ од Модрича, БиХ, иако е слеп е одличен мајстор за велосипеди.
“ Болеста ми е вродена. Најмногу видот го изгубив помеѓу 15 и 18 години, во средното училиште. Имам голема љубов кој велосипедите и затоа се одлучив да отворам сервис. Работам со сите врсти на велосипеди, од промена на гуми, на кочници, менувачи… се што еден велосипед има на себе“ вели Зоран и додава дека бизнисот постепено го проширил:
“ На почеток дневно поправав еден до два велосипеди. Потоа го проширив сервисот, набавив резервни делови, а сега се занимавам и со продажба на велосипеди“.
Зоран Симиќ низ животот го води мотото дека ако си упорен и имаш желба, нема пречка што не може да се совлада.