Поранешниот НБА-кошаркар Делонте Вест (36) минува низ тежок период во својот живот. Вест кој настапуваше во НБА од 2004 година каде го облече дресот на Бостон, по што се пресели во Кливленд каде му беше соиграч на Леброн Џејмс, сега е бездомник.
За време на активната играчка кариера Вест успеа да заработи преку 16 милиони долари а денеска е едноставно изгубен и живее тажен, тежок живот. Редовно има проблеми со алкохол и дрога. Во 2008 година на Вест му било дијагностицирано биполарно пореметување, кое не го лекувал за време на кариерата како кошаркар.
На интернет кружи видеа на кои се гледа како Вест откако се обидел да се самоубие фрлајќи се под автомобил, возачот буквално го претепал. Потоа се гледа како е уапсен од страна на полицијата, а притоа тој објаснува дека некој човек извадил пиштол на него.