46-годишната актерка од филмовите “Врисок“ и “Правна плавуше“ Селма Блер го отвори срцето и откри од што е болна. Се работи за мултиплеј склероза, со која Селма од неодамна се бори и оптимистички пред камери ја подели приказната со целиот свет.
Како што таа вели, кога и соопштиле од што боледува некако и олеснило, бидејќи со години наназад докторите не можеле да и дадат одговор зошто губи рамнотежа, паѓа на улица или има проблем со говорот. Претходно, ваквата состајба на Селма ја препишувале на заморот и фактот дека таа од неодамна стана мајка. Актерката призна дека почнала да пие за да го ублажи хроничниот бол.
„ Откако ќе го одведев син ми во школо морав да одремам некое време во колата и се срамев поради тоа. Давав се од себе да бидам добра мајка“ вели Селма и додава:
“ Син ми ме гледаше како ги испуштам предметите и како паѓам, па морав да се смеам тоа да не го доживее трагично, да не се грижи за мене. Тогаш ме имитираше, и тој ги испушташе предметите и паѓаше. Се смеевме заедно, но му реков тоа да не го прави надвор од својот дом“.