Пејачката Нада Обриќ дури двапати се борела со карцином, а откри дека немала никакви симптоми туку дека ја слушала нејзината интуиција:
– Најтешко ми беше ноќе кога сите ќе одеа на спиење. Тогаш размислував за своите деца кои сеуште беа мали и неможеа без мене. Тогаш си реков дека морам да го победам карциномот бидејќи сум им потребна. Мене живото никогаш не ме галел, а сите мислеа дека ми е лесно.
Инаку, Нада имала доста турболентен живот, а после првиот развод од сопругот размислувала да се самоубие.
– Тоа толку многу ми падна тешко што мислев дека ќе се убијам и дека неможам да живеам. Се и сешто ми поминуваше низ глава – признала Нада Обриќ.
Фото: Д. Дервишагиќ