На 65-тото доделување на „Греми“ наградите, како што знаеме се собраа голем број од славните лица, како што се Мадона, Џенифер Лопез, Адел, Бијонсе…
Меѓу нив била и Шерли Кроу, славната пејачка и добитничка на Греми (била номинирана дури 32 пати), која со Бони Рајт и Мик Флитвуд ја извела песната „Songbird“ во чест на неодамна починатата музичарка Кристин Мекви.
Шерли, која за неколку денови ќе го прослави 61-от роденден, изглeдала прекрасно на црвениот тепих каде се појавила во елегантен корсет-фустан, едноставно парче без ракави со прорез над колената.
Симпатичната музичка ѕвезда често е во центар на внимание поради тоа што живее со тумор на мозокот којшто одбива да го оперира. На Шерли ѝ бил дијагностициран менингитис, што го потврдила во 2012 година.
Откако се појавиле шпекулациите дека пејачката има канцер, таа одлучила да проговори и да ги утеши своите обожаватели објаснувајќи дека нема канцер туку бениген тумор.
„Знам дека некој може да има проблеми со вакви работи, но сакам да ве убедам дека сум добро“, изјавила Шерли.
Како што таа своевремено објаснила, за својата состојба дознала по проблемите со помнењето, кога се плашела дека боледува од Алцхајмерова болест.
„Толку се загрижив за своето помнење што веднаш отидов на магнетна резонанца. Дознав дека имам тумор на мозокот“, изјавила пејачката.
Инаку, сигурна е дека менингитот настанал поради тоа што претерано го користела мобилниот телефон.
„Тоа ниту еден доктор нема да ми го потврди“, изјавила пред неколку години таа во една емисија, па продолжила: „Но, имам теорија дека е поврзано со тоа. Можев со часови да го држам мобилниот телефон претходно“.
Меѓутоа, таа не сака да се оперира. Овој тумор многу бавно расте, па Шерли признава дека не сака да има голема лузна која ќе ја потсетува на нејзината болест и грижи.
„На секои шест месеци одам на прегледи, но не сакам да го отстранам поради тоа што тоа би значело да имам уште една голема лузна“, изјавила Шерли.
Имено, пејачката зад себе ја оставила борбата со канцерот на дојка поради што била на лумпектомија, односно делумна мастекромија по што во 2006 година била на зрачење. Наредната година се соочила со голема депресија.