Дебора Бабу (60) од Сакраменто, Калифорнија, не очекувала да се заљуби додека е на одмор во Танзанија, а уште помалку да се заљуби во 30 години помлад маж, чиј живот е длабоко поинаков од нејзиниот. Во октомври 2017 година го запознала нејзиниот сегашен сопруг Саитоти Бабу (30).
Двојката останала во контакт, а Дебора се вратила во Танзанија во декември и го прифатила предлогот за брак на Саитоти.
По одржувањето на традиционалната свадбена церемонија во духот на народот на Танзанија во јуни 2018 година, парот имал „западна“ венчавка во јули 2022 година. Тие се‘ уште се надеваат дека ќе имаат поголема прослава „Масаи“ – каде ќе се соберат повеќе членови на семејството и племето.
Дебора, која сега го користи своето Масаи име „Нашипаи“ и живее со Саитоти и неговото семејство во Танзанија, вели дека не може да биде посреќна.
И покрај нивната среќа, Дебора вели дека странци често ја прашувале дали го „посвоила“, додавајќи: „Саитоти веднаш беше обвинет дека е со мене само поради зелениот картон што е многу болно за него и за мене, бидејќи знам дека во него нема голема желба да се пресели во Америка“.
Таа го запознала својот сегашен сопруг кога таа и нејзината ќерка Ројс се шетале на плажата во Занзибар, Танзанија. Така го запознале Саитоти кој им понудил сувенири.
Дебора го прашала дали може да се фотографира со нив бидејќи никогаш не запознала Масаи (народ од источно-суданското семејство на народи, гранка на Нилотите).
– Не донесовме пари за да купиме сувенири, но го прашав дали можеме да се фотографираме бидејќи никогаш не сум сретнала Масаи – рече таа.
– Сега кога ја гледам таа фотографија ми се чини како да се заљубивме на прв поглед – вели таа.
– Саитоти ме замоли да му ја испратам фотографијата и останавме во контакт откако го доби мојот број, а следната вечер ни се придружи со ќерка ми на прошетка – рече таа и додаде дека тие „разговарале со часови и брзо откриле дека имаат многу заедничко, како што е смислата за хумор.
– Бев среќна, сингл жена и не ми изгледаше правилно да бидам со некој 30 години помлад од мене – рекла таа.
Но, откако таа се вратила дома, останале во контакт. Саитоти секој ден ѝ се јавувал на Дебора ѝ зборувал за тоа како сака да се венчаат.
– Кога се вратив во Калифорнија, имаше 12 часа разлика меѓу нас, но Саитоти се погрижи да ми се јавува секој ден – и да немаше струја, ќе најдеше начин – рече таа.
– Мојата постара ќерка Тифани (32) и синот Шерик (27), го запознаа на „FaceTime“ и им се допадна. Немаа проблем со разликата во години и ми рекоа дека ако сум среќна и задоволна со него, треба да бидам со него – изјави таа.
Откако разговарала со децата, таа решила повторно да го види Саитоти на крајот на декември 2017 година и го кажала „судбоносното да“ кога тој ја запросил.
– Отидов да се сретнам со неговото семејство и ме нарекоа Нашипаи – рече таа.
Парот сега живее заедно во Танзанија на семејниот имот во куќа направена од кал, а во јуни 2018 година имаше венчавка по Масаи, по што во јули оваа година следуваше легална церемонија.
– Готвиме на оган и немаме вода за пиење. Моментално градиме колиба и сè треба сами да направиме – додаде таа.
– Саитоти никогаш не јадеше сладолед или риба пред да ме запознае – рече таа и додаде дека никогаш не очекувала да најде сопруг и да се омажи за некој толку помлад од неа, но вели тој е најљубезниот и најгрижливиот човек што некогаш го запознала.
– Во Танзанија животот е сосема поинаков, но јас сум среќна – рекла Дебора.