ЖИВЕЕЛЕ ЗА КОШАРКАТА: Последната заедничка фотографија на Коби и ќерка му Џијана (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Популарниот американски таблоид „TMZ“ ја објавил фотографијата од Коби и Џијана Брајант од последниот натпревар кој го одриграло ова 13-годишно девојче. Кошарката во семејството Брајант била голема страст, а таткото Коби и ќерката Џијана цел живот го посветиле на кошарката која им пружала најголемо задоволство.

Џијана тренирала кошарка и имала голема желба да се пробие во женската НБА лига, а може да се каже дека навистина била на добар пат да го направи тоа.

Натпреварот е одигран во саботата во „Мамба Академија“ каде Џијана играше два натпревара.

Коби Брајант седи покрај теренот, а секоја прилика ја искористи да подели совет со неговата ќерка.

Таблоидот не пренесува дали Коби бил тренер на екипата или не, но повеќе од јасно е дека уживал о улогата на тренер.

https://twitter.com/i/status/1221555590004191233

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com