На една година од самоубиството на познатата манекенка Марија Чурчиќ (25) која беше пронајдена мртва во својот стан во Белград, нејзината мајка, познатата новинарка Анн Марие Алвес-Чурчиќ за српски „Глосси“проговори за трагедијата.
Тој студен ноемвриски ден Анн Марие планирала да оди со своето семејство во кино. Таа со нејзиниот сопруг и двете ќерки требале да го гледаат филмот „Боемска рапсодија“ кој лани се емитуваше во кината.
-Тогаш и пратив порака на Марија, што мислиш да одложиме за да може и сестра ти да дојде со нас, раскажува новинарката.
Но, по оваа порака не добила одговор од ќерка си.
-Во еден момент во 17:30 часот ми се јави нејзината другарка да ме праша дали сме се слушнале, а потоа со истото прашање ми се јави и нејзиното поранешно момче. Јас и сопругот тогаш бевме во домот, а знаев дека претходната вечер работеше и можеби била отидена на некој „афтер“, а потоа ради реда отидовме до нејзиниот стан. Клуч немавме, но таа живееше во стан на наша пријателка, па мислевме ќе се снајдеме. За среќа интерфонот не ни беше проблем, бидејќи некој излегуваше тогаш и лесно влеговме во зградата, се присетува таа.
Додава дека потоа дошол и нејзиното момче кое ја лоцирало по мобилниот телефон и истиот бил во нејзиниот стан.
-Грижата започна кога сфативме дека нејзиниот телефон е внатре во станот, ни на крај памет не ни падна што се случува внатре. Ја повикав пријателката која го имаше резервниот клуч, но не знаеше во моментот каде го ставила. Веднаш со сопругот повикавме полиција, а откако им објаснивме што се случува, ни рекоа дека тоа не е нивна надлежност. Па моравме да го викнеме домарот и уште еден сведок за да се искрши вратата, се присетува Анн.
Таа тука престанала со раскажувањето и се присетила на кобниот момент и започнала да плаче.
-Сопругот беше, прв, а потоа влегов јас зад него…
Од тој момент нивниот живот се променил засекогаш, пренесува „Глоси“.
Инаку Марија (25) извршила самоубиство пред точно една година, а нејзината мајка не може да се помири со смртта на нејзината ќерка која беше исто така медиумско лице во Србија.
-Живеам, но не сум жива, завршува таа…